Петар Печков
Објавено: вторник, 15 мај 2012
Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија на 19 Мај 2012 година по четврти пат ќе ја организира Кампањата за борба против рак на дојка, насловена како “Напред розово 2012 - чекори против ракот на дојка“.
Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка. Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од 10 града: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.
По прошетката ќе следува музички хепенинг и неформални социјални активности со едукативен карактер, социјални игри кои ќе имаат за цел да овозможат луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот. Централниот настан ќе се одвива на Плоштадот Македонија во Скопје.
Tweet |