речник контакт

Народниот музеј од Велес работи со само петмина вработени

Народниот музеј од Велес се грижи за спомен куќите на Рацин, Главинов, Џинот, на Касапови, Спомен Костурницата, петте спомен куќи од НОБ во Горно Вранвоци

Петар Печков

Народниот музеј  од Велес работи со само петмина вработени плус директорот. Со ваквата состојба ограничени се активностите кои треба да ги преземе за истражување, конзервирање на предметите кои се во нивна сопственост.  Ова го кажа директорот на институцијата, пред членовите не Советот на Општина Велес.

„Велешкиот музеј е прва таква институција во Македонија, темел на музејската дејност во земјава и несфатливо е ова што ни се случува. Ние сме институција која има  двајца стручни работници, кои работат осум проекти од национален интерес.  Музејот не` дефинира како град и тој е многу битен за  животот во него. Застанав на директорската позиција, како уметник да се изборам за подобра, подостоинствена позиција на велешкиот музеј. Како работиме е Дон Кихотска борба. Имаме десет објекти за кои се грижиме, а имаме едне хигиненичар, каде  и кога попрво да стигне“ – кажа Ангел Коруновски директор на Народен музеј Велес.

За неколку  години од  бројот на вработени од  14 се симнал на  шестмина, заедно со дииректорот  како назначено лице. Откако  е тој директор, за  година и пол   се пензионирале четворица.

„Музејот не  може да фукнционира, еден вработен работи по десет други работи за да опстанеме. Имаме дефиците на кадар и затоа набавивме одредени технички помагала, кои на посетителите преку видео презентација  треба да им ги доловат потребните информации. Така може да се запознаваат со збирките и со одделенијата. Работиме на реконструкција на археолошкото одделение, набавивме витрини за да ги изложиме пронајдените премдети.  Создаваме поставка со дела кои се во наша сопственост“ – додаде Коруновски  

На забелешките од советниците  дека музејот не може да вработи нови лица, оти таков кадар не постоел во Велес, директор Коруновски објасни дека кадар има, но нема дозвола за вработување.

„Не е точно дека  стручен кадар во Велес не постои, постои. Проблем е што не добиваме согласност од Министерството за финансии, иако од Министерството за култура и од Министерството за информатичко општество имаме. Кај нас има стручен кадар кој волонтира. Вработениот кој се грижеше за Спомен Костурницата отиде во пензија и таа сега е оставена без човечка грижа, на забот на времето.  Споменичениот комплекс  на почетокот имал десет вработени, сега ниту еден“ – кажа Коруновски.  

Народниот музеј од Велес се грижи за спомен куќите на Рацин, Главинов, Џинот, на Касапови, Спомен Костурницата, петте спомен куќи од НОБ во Горно Вранвоци. Директорот на Народниот музеј лоцира дека ова е разулатат на одлуката општината да ги преземе ингеренциите за  институцијата од областа на културата. 

„Грешката е направена кога Музејот од национална се симна на локална институција.  И од 40 вработени падна на сега петмина.  Ги изгубивме сите одделенија. Град кој е значаен за македонската историја, нема историско одделение, трегедија“ – заврши Коруновски.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »