речник контакт

Народниот музеј од Велес со изложба на фотографии и документи за Гоце Делчев се приклучи за меѓународниот ден на музеите (фото)

Поставена е и изложба на 12 потрети на Гоце Делчев, дело на Ангел Петров

Петар Печков

По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и Меѓународниот ден на музеите, Народен музеј Велес се придружува кон чествувањето на овие два значајни настани. По овој повод беше отворена фото изложба на документи и фотографии од Државниот Архив, за животот на Гоце Делчев а  беа поставени и негови  12 портрети на дело  на  академскиот сликар од Велес, Ангел Петров.

„Во Архивот се чува најзначајната меморија за Македонија.  Тоа што можевме да го понудиме е самата документација за семејството Делчеви. За издигнувањето на Гоце Делчев како идеолог и организатор на македонското револуционерно движење. Како најважните документи кои ги поседува Архивот се оригиналните писма на Гоце Делчев. Постојат  податоци дека има 200 објавени писма а ние во наша сопственост имаме 40, кои се добиени со преносот на моштите во 1946 година , предадени од Илинденската организација. Долго време биле чувани во Народно Универзитетска Библиотека а потоа  во 1973 предадени на државниот архив. Овие писма сведочат за неговата  посветеноста во   организационата поставеност, растот на организацијата и неговиот раст во неа. Архивот има документација повеќе од 3,5 илјади биографии  на преживеани  Илинденци, благодарејќи на Законот од 1946-та за доделување на Илинденска пензија. Така се преживеани спомените за Илинденското време. Има документација и од  неговите потомци. Така ја имаме  сочувано документацијата од Велика Чопова, внука од сестра.  Правнукот од чичко, со исто име и презиме Гоце Делчев од Гевгелија, академски вајар кој има сочувано  богата семејна архива. Тоа е бројаница на Гоце Делчев, дрвен, метален крст.  Истовремено тие се поврзани со велешкото семејство Докурчеви, тој е внук на еден од браќата Докурчеви.  Преку оваа фото изложба е претставено враќањето на моштите на Гоце Делчев во слободна Македонија.  Три години по неговата смрт, Михаил Чаков, еден од најверните соработници на Гоце Делчев, во 1906-та година ги откопува  посмртните останки и ги предава  на соселанец од село Бањица на чување. За во 1917-та да бидат откопани од олтарот на црквата каде биле дотогаш чувани и бидат пренесени во 1923 во Софија во претставништвото на Илинденската Организација. Враќањето во Скопје, Македонија се случува во 1946-та година, тогашните Влади на Југославија и Бугарија  овозможуваат  од 7-ми до 11 одговори враќање  на посмртните останки. Пренесен  бил во саркофаг изработен за 21 ден и тој е во добра состојба и  во него се уште почива Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје.   Гоце Делчев е институција која треба да се почитува и неговите активности треба да се актуализираат во јавноста бидејќи само така може да се доближи до граѓаните“ - кажа  д-р Јасмина Дамјановска  организатор на изложбата од Државен Архив.

Изложба се организира во пресрет на 18 мај Меѓународниот ден на музеите. И Велешкиот Народен музеј со оваа изложба се приклучи во одбележувањето на овој ден.

 „Музеите се важно средство во културната размена, збогатување на културите, развојот на меѓусебно разбирање, соработката меѓу народите.

Во рамките на изложбата поставени се и 12 портрети од 50-тата кои ги има изработено велешкиот академски сликар Ангел Петров, сите работени во различна техника. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »