речник контакт

Народниот музеј со нов простор за трајна поставка на дела од негова сопственост

Музејот во своето депо поседува 143 уметнички дела од ликовни уметници од земјава и мал дел од странство

Петар Печков

Народниот музеј oд Велес добива нов простор каде ќе се изложуваат делата кои се нивна трајна сопственост а со децении се во депоата на институцијата. Во одделението каде беа фотографии од стар Велес, одлучено е да се преуреди во просторија каде ќе има трајна поставка на ликовни дела од сопственост на Народен музеј.

 „Изложбените простории се во реконструкција, пред се археолошкото одделение. Во историското одделение имаме просторија која ја пренаменуваме за да можеме уметничките слики и скулптури кои се од исклучително значење, и затоа создаваме трајна поставка. Убаво е јавноста да ги виде тие дела кои со децении биле чувани далеку од очите на посетителите. Тоа ќе бдие новина а во работат на музејот“ – кажа Ангел Коруновски, директор на Народниот музеј од Велес.

Таа просторија веќе беше користена за изложба на делата на зографот Ѓорѓи Зографски а се работи на новата трајна поставка, која наскоро ќе биде претставена на јавноста.

„Музејот во своето депо поседува 143 уметнички дела од ликовни уметници од земјава и мал дел од странство. Поголем дел се слики, но имаме и цртежи, графики, скулптури. Имаме дела од значајни автори Мартиновски, Белогаски, Темкова, Коџоман, Зографски. Ќе имаме богата поставка. Делата ќе бидат достапни до јавноста, до публика а не да стојат далеку од нив. Создаваме простор за достојна презентација на нашето културно добро“ кажа Елица Николова кустос советник од Народен музеј.

Веќе се набавени  постаменти за скулптурите, некои дела се врамуваат. Народниот музеј го поседува Ликовниот салон, каде годинава се предвидени бројни изложби, меѓу нив гостување на јубилејната  изложбата „50 години творештво“  на велешанецот Ангел Димовски Чауш, поставување на јубилејна изложба за 70 години од смртта на Димитрие Андонов Папрадишки и изложба на фотографии од  дела – икони на Крсте Зограф, чие творештво не е доволно истражено во Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »