речник контакт

Нарушена економијата во Баварија со елиминацијата на Англија и Бразил

Не можеше да му се случи поголема катастрофа на Минхен, набрзина пропаднаа соништата на препродавачите на карти, трговците, продавачите, хотелиерите, сопствениците на кафулињата во Минхен.

lj lkjl

Не можеше да му се случи поголема катастрофа на Минхен од тоа што во полуфиналето, кое ќе се игра во овој град задутре, нема да играат ниту Англија, ниту Бразил. Набрзина пропаднаа соништата на препродавачите на карти, трговците, продавачите, хотелиерите, сопствениците на кафулињата околу железничката станица и во центарот на Минхен. Наместо навивачи на Гордиот Албион и на самба, сега на улиците во главниот град на Баварија ќе има Французи и Португалци - воопшто неатрактивни како туристи, а уште помалку пак за трговците. Вчера во Минхен, иако недела, сите ги симнуваа англиските и бразилските навивачки реквизити од тезгињата. Нажалени беа луѓето. Иако отпрвин преовладуваше мислењето дека никој не ги сака Англичани во нивниот град, сега сите жалат и ги пребројуваат загубите. - Нарачав дополнително да добијам маици, шалови и знамиња од Бразил и од Англија. Пред да почне Мундијалот, поради костурот и тоа што Бразил, а можеби и Англија, ќе дојде во Минхен, одбрав да продавам навивачки реквизити во овој град. Излегува дека е подобро да одев во Берлин. Сега пропаднаа сите планови. В среда доаѓаат Португалците, кои не се трошаџии, ниту, пак, Французите се пивопијци, како што се Бразилците и Англичаните - ни вели Питер, кој на железничката станица во Минхен има тезге со навивачи реквизити. Бразилци во Минхен имаше кога кариоките играа со Австралија. И тогаш беше живо, се играше самба на секој агол, жителите на градот се поистоветуваа со навивачите, па и тие купуваа капи, дресови, шалови... Англичани не дојдоа тука. Тоа е главната болка на Баварците-трговци. Зашто каде и да отидеа навивачите на Гордиот Албион оставаа десетици милиони евра само од пиење пиво. Се уште е свежа приказната на германската национална ТВ-станица ЗДФ за газдата на кафуле веднаш до железничката станица во Нирнберг, пред мечот Англија - Тринидад и Тобаго. Дента пред мечот, но и на денот на одигрувањето на натпреварот, човекот продал четири илјади литри пиво. Е, тоа не може да го доживеат минхенските трговци. Зашто Англија испадна. Најсреќна што во Минхен не доаѓаат Англичаните е тукашната полиција. Иако нема хулигани во Германија, а и проблемите со островјаните беа сведени на минимум, безбедносните сили и антиконфликт-одредите нема да бидат под стрес три дена. Ним не им е гајле за тоа дека градот ќе загуби околу 100 милиони евра, пари што сите градови-домаќини на Англија веќе ги имаат на контото. [b]На препродавачите им се плаче[/b] Посебна приказна се препродавачите на карти. Тие веројатно сонуваа огромни добивки од препродажба на билетите на Англичаните, но и на Бразилците. Островјаните по други градови давале и по 1.000 фунти за билет, Бразилците нешто помалку, а сега билети ќе има во изобилство. Се очекува во Минхен да дојдат околу десет илјади Португалци и двојно повеќе Французи. А капацитетот на „Алијанц-арена“ е 66.000 столчиња. Половината ќе бидат овдешни жители, кои сега лесно ќе дојдат до билет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »