Петар Печков
Објавено: сабота, 29 септември 2007
Американската невладина организација Хабитат - Македонија ќе започне со изградба на првата населба во земјава, која е наменета за семејства со ниски приходи. Од вторник во Велес ќе започнат активностите на создавањето на 53 живеалишта за лицата кои живеат во услови на сиромаштија. Ова беше најавено на презенатацијата на проектот, прв од таков вид во Македонија.
- Во период од три години, од добивањето на градежната дозвола ќе се изградат 53 домови во 11 објекти, бидејќи некои имаат два а некои осум стана. Тие се со површина од 50 до 73 метри квадратни. Потоа во нив ќе се вдомат неколку стотина велешани со ниски примања - изјави Зоран Костов, Национален директор на Хабитат за Македонија.
Населбата ќе се простира на 10 илјади метри квадратни површина во месноста Тунел 2 и е лоцирана на државно земјиште, кое е добиено на долгогодишно користење по јавен повик од Министерството за транспорт и врски. Тие за еден квадрат понудија 25 денари, наспроти почетните 15 денари и на тој начин победија на оваа лицитација. За станарите ќе се обезбедат поволни услови за плаќање, а за тие да конкурираат ќе треба да имаат минимум 9 илјади денари примања.
- Секое семејство што ќе добие дом, ќе треба да вложи 400 часа работна рака во неговата изградба, но тоа не тешка градежна активност, туку симболика со цел сопствениците да почувствуаат дека градат нешто што им припаѓа ним - најави Костов.
За вторник е најавено оградуваето на просторот а камен темелникот ќе биде поставен откако ќе бидат познати сосптвениците на домовите. Тој објасни дека прво ќе бидат познати сопствениците за да може потоа тие да се вклучат во изградбата. Нив ќе им помагаат странски волонтери и во почетокот тоа се 140 лица од Швајцарија, за потоа да се менуваат со други доброволци од други држави.
Селекцијата на добитниците на домовите е комплексна, бидејќи ќе вклучува месечниот приход, состојбата на објектот каде моментално живеат, дали се кредитно способни. Новите домови нема да бидат подарок, туку ќе бидат добиени со долгорочен кредит на 20 години. Доколку во меѓувреме сопственикот од низа причини не може да го плаќа надоместокот, по истекот на овој период комисија ќе решава дали може да се продолжи тој период или ќе треба да се исселат.
Хабитат ја обезбедува комплетната финансиска конструкција, вредна 1,5 милиони долари. Тие велат дека ова е мала инвестиција по вредност, но голема бидејќи е од невладина организација и средства обезбедени од американските граѓани. Таа постои повеќе од 30 години а во Македонија работи од 2005, досега на реконструкција и реновирање на субстандардни домови.

Tweet |