речник контакт

Насилство, разбојништво. Полни раце работа за судот

Двајца велешани кои физички напаѓале сограѓани ги краделе нив и нивните автомобили во околината на црквата Св. Спас.Велешанец натепал полицаец а неговите другари му помагале

Петар Печков

 Уапсени двајца велешани кои физички  напаѓале сограѓани ги краделе нив и нивните  автомобили. Сите настани се случиле во околината на црквата Св. Спас.  СВР Велес ги осомничи  лицата М.К. (23) и О.К. (19) од Велес, поради основано сомнение дека заедно сториле три кривични дела, односно  „Разбојништво“ , „Тешка кражба“ и „Одземање моторно возило“ .

На 24.11.2010 година, на улица Коле Цветков во Велес, пријавените се нафрлиле над лицето А.С. од Велес, го собориле на земја и почнале да го удираат со тупаници во пределот на главата и телото. Притоа од џебот му одзеле мобилен телефон и клучеви од патнички автомобил. Со одземените клучеви го отвориле патничкиот автомобил марка Застава Југо, го запалиле моторот, но тогаш од спротивниот правец дошол таткото на нападнатиот, кој им го попречил движењето а напаѓачите побегнале.

По неколку дена на 2.декември  во 04,45 час. на улица Славко Давчев, осомничените ја нападнале  В.Р. од Велес, која во моментот излегувала од својот дом, едниот од нив ја фатил со раката за устата, а другиот ја одзел торбата која ја носела и побегнале. Во чантата имало 1,1 илјади денари кои ги земале, а останатите предмети и лични документи, ги фрлиле во реката Вардар.

Осомничените на 15.ноември  на градските гробишта кај црквата Св. Спас му пришле на лицето Т.Н. од Велес кој во моментот бил на гробот на неговата сопруга и му побарале 20 денари. Откако оштетениот не им дал пари, осомничените го удриле во пределот на главата и грбот, го собориле на земја каде продолжиле да го тепаат. Од задниот џеб на пантолоните му го одзеле паричникот во кој имало околу 1 000 денари, по што избегале. Тие пред два месеци исто така нападнаа велешанец додека тој беше на гробишта и го ограбија. Двете лица имаат  добиено затворски казни за извршени дела разбојништво и грабеж.

Велешанец натепал полицаец, откако сакале да  го приведат  а  неговите другари ја попречувале полицијата да интервенира. За ова сите шестмина  добија кривични пријави а насилникот и притвор.

Настанот се случил во саботата наутро во 3 часот пред кафе бар Ноктурно кога полициски службеници   го приведувале  Т.И ( 26 год) поради нарушување на јавен ред и мир. Тогаш  од негова страна. извршен е напад над еден полицаец удирајќи го со тупаница во пределот на главата и со нога по телото, при што му нанел телесни повреди. Присутните полицајци го совладале насилникот  и го внеле во полициското комбе.

Во тој момент, лицата Д.К. (24) , Н.М (20) , И.П. (21) , Д.Н. (21) и Г.М. (17) сите од Велес, ги попречувале полициските службеници во вршењето службено дејствие, односно ги попречувале да заминат со полициското возило. Истите се приведени во СВР Велес.. Против лицето Т.И. поднесена  е кривична пријава за сторено кривично дело „Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, а истражен судија му одредил мерка притвор во траење од 15 дена. Против останатите пет приведени лица поднесени се  кривична пријава за сторено кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ .

 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »