речник контакт

Наследниците на Рацин, Гемиџиите и Брашнаров заборавени од чествувањето за нивните предци

Локалната власт ги повикува сите роднини од второ колено на славнеи велешани, да достават адреси

Петар Печков

Заборавени се блиските на велешките значајни личности, чии годишнини ги одбележува локалната власт. Оваа година ниту на чествувањето на Гемиџиите, ниту на Рациновите средби, ниту на поменот од Панко Брашнар дојдоа наследниците на  овие  велешки дејци.

Ако ги имаше претходните години, оваа ги снема од официјалниот дел. Затоа е разбирливо што некои од потомците реагираат на заборавноста на  општинската власт и администрација, која е организатор на овие одбележувања.

Чудно е што не  добивме покана за да присуствуваме на годишнините од раѓањето или смртта на нашите предци. Ако минатите години се поретко ги добивавме и доаѓавме по инерција, знаејќи од медиумите за одбележувањето, годинава случајно се погоди, ниту едно велешко семејство од наследниците  да не дојде, оти не не` покануваат. Сите знаат дека постоиме, но потребно е внимание кон нас,  да  знаеме дека сме добредојдени, дека  и ние оддаваме почит на нашите дедовци – велат членови на семејствата.  

Оваа година во делегациите кои полагаа цвеќе на спомениците на Гемиџиите, Кочо Солев Рацин и Панко Брашнар, во различен дел од годината, за прв пат се случи никој од потомците да не положи свежо цвеќе. Од локалната власт, велат дека овие семејства ен се заборавени, напротив добредојдени.

За секое чествување имаме листа на граѓани кои се покануваат. Но најверојатно лицата кои сме ги поканувале промениле адреса, или можеби починале а немаме од нивните наследници. Затоа ги повикуваме сите  роднини од второ колено, оти не можеме сите да ги знаеме, да дојдат да достават адреси, и веќе од следната година ќе бидат со задоволство поканети – велат надлежните од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »