Петар Печков
Објавено: среда, 28 август 2013
На 27.08.2013 година, околу 21,00 часот , додека Д.П. (51) од с.Иванковци седел на клупа пред продавница во селото , без повод и причина бил физички нападнат од соселанецот Ж. Ѓ. (48) .
Имено Ж.Ѓ. откако првин го гризнал за показалецот на левата рака, земал една од штаките на Д.П. и со неа го удрил во пределот на главата, а потоа извадил една даска од клупа и со неа го удрил во пределот на левата рака, по што избегал.
Од нападот, Д.П. се здобил со повреди по главата и телото по што е пренесен на лекување во Медицинскиот центар во Велес. Во тек се мерки на полицијата за расчистување на случајот.
Tweet |