Петар Печков
Објавено: петок, 29 октомври 2010
Ученици од средното Хемиското училиште Димитрија Чуповски од Велес, вчеравечер физички биле нападнати и натепани по што две од нив завршиле во болница а шест се здобиле со повреди. Според родителите на децата, нападот бил без повод а групата на насилници броела триесетина напаѓачи.
Кога децата излегле од училиште околу 19 часот пред нив се нашла поголема група напаѓачи, кои биле маскирани со шалови и капи и со дрвени предмети во рацете. Започнале без никаков повод да ги тепаат нашите деца со палки. Две од децата се згрижени во болница а шест други имаат лекарски уверенија за телесни повреди. Не ми е јасно кој тоа го сторил, но не е ни малку во ред малолетници да бидат така нападнати. Јас имам многу другари македонци и не гледам никаква причина кој би можел да стои зад овој напад – велат родителите на децата албанци од селото Бузалково, кои беа во полициската станица во Велес да побараат откривање на сторителите и заштита на нивните деца.
Од СВР Велес информираа дека тие работат на откривање на сторителите на инцидентот. Неколку лица кои го извршиле нападот се идентификувани и по целосно расветлување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за насилство.
Од велешката болница, дежурниот доктор Горан Јовиќ информираше дека повредените лица А.Џ. (16) и С.А. (18) двајцата од село Бузалково имаат повреди на главата и се оставени да посматрање и следните денови во оваа институција. Информациите дека се работи за одмазда за нападнат и натепан ученик од средното училиште УЗУС, настан кој се случил во средата вечер, а вчеравечер по грешка се натепани други ученици од полицијата не го потврдуваат. Велат дека е регистриран инцидентот во УЗУС во средата вечер а напаѓачот е откриен.
Заради ваквите физички пресметки во средните училиштата СВР Велес веќе неколку години има засилени полициски патроли по училиштата, по завршувањето на часовите.
Tweet |