Петар Печков
Објавено: сабота, 15 септември 2018
Научници од Универзитетот Рутгерс сметаат дека нашиот привид за човечко лице на месечевиот диск се должи на магнетизиран прав, којшто е остаток од лава која била активна пред 1000-ци години. Таа прав се собира и така ги создава загадочните дамки на површината на Месечината што личат на лице или пак, на други нешта при полна Месечина.
Темните дамки што се создаваат со помош на струењата над површината на нашиот природен сателит, доаѓаат од подземните „тунели“, оформени од лавата. Таа ги разградила минералите под површината и така е образувано железо. Досегашните претпоставки говореа дека виорот од прав се случува под влијание на силен магнетизам, што го штитат вселенското тело од надворешни штетни влијанија.
Новите сознанија говорат дека се откриени и змијулести магнетни полиња, каде што се појавуваат тие виори, и каде вулканската активност била најсилна.
Tweet |