речник контакт

Нацков го доби уверението за градоначалник на општина Градско

Врачени се уверенијата и на членовите на Советот

Петар Печков

Новиот градоначалник на Општина Градско Киро Нацков од  ВМРО-ДПМНЕ го доби уверението  кое му го врачи претседателката на ОИК Мери Седмакова, со што официјално доби мандат за работа во следните четири години. 

Нацков во првото официјално обраќање,  кажа дека  имало  фер кампања и очекува добра и плодна соработка со советниците и дека нема да ги разочара гласачите . Негов приоритет ќе бидат децата и младите. 

Врачени беа и уверенијата на членовите на новиот совет, кој брои девет членови.  Мнозинството, пет од нив, се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“  -  Мирјана Ѓорѓиева, Цане Будимов, Даниел Мирчов, Тоше Петревски и Јованче Стојанов.  Четири советника се од коалицијата на СДСМ „Најдоброто за мојата општина“-  Слободан Бошков, Маја Андовска, Боне Спасовски и Сеат Сулковиќ. Подоцна беше   извршено примопредавање во кабинетот на градоначалникот на општина Градско. Досегашниот градоначалник и против кандидат во кампањата, Роберт Бешовски  му честиташе на мандатот на Нацков и кажа дека му ја предава општинската каса со позитива од 2,9 милиони денари.    

На изборите во Општина Градско за градоначалник  гласале  66,95 % или во бројки 2.084, од запишани 3.113 гласачи. За Општина Градско  победи Киро Нацков, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со 55,66 % Бројот на освоени гласови е следен:

ВМРО-ДПМНЕ  1.086 -52,11% 

СДСМ   811 -38,92%.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »