lj lkjl
Објавено: недела, 09 јули 2006
Бил Шенкли сметаше дека фудбалот е поважен од животот и смртта, а навивачите од целиот свет се согласија со поранешниот менаџер на Ливерпул. Шкотскиот стручњак, кој почина од срцев удар во 1981 година, го победи поранешниот француски репрезентативец Ерик Кантона во анкетата за најпозната изјава во врска со фудбалот, организирана од невладината англиска организација, \"Инглиш Кампањ\". \"Некои луѓе веруваат дека фудбалот е работа на живот и смрт. Јас сум многу разочаран од таквиот став. Можам да ве уверам дека фудбалот е многу, многу поважен од тоа\", изјави Шенкли пред повеќе од 25 години. \"Анкетиравме над 10.000 љубители на фудбалот од 80 земји и тие целосно се пронајдоа во изјавата на Шенкли. Особено беше зголемена неговата популарност по елиминацијата на Англија од Португалија во четвртфиналето на Мундијалот. Тој доби гласови од Австралија, Америка и сите земји каде се зборува англискиот јазик\", изјави портпаролот на \"Инглиш Кампањ\", Дејв Смит. [b] ТОП ТРИ ИЗЈАВИ: 1. БИЛ ШЕНКЛИ:[/b] \"Некои луѓе веруваат дека фудбалот е работа на живот и смрт. Јас сум многу разочаран од таквиот став. Можам да ве уверам дека фудбалот е многу, многу поважен од тоа\" [b]2. ЕРИК КАНТОНА:[/b] \"Кога морските галеби ги следат мрежите, тоа е затоа што мислат дека ќе им фрлат сардини во вода\" [b]3. ПОЛ ГАСКОЊ:[/b] \"Никогаш во животот не сум прогнозирал ништо и никогаш нема да го правам тоа\"
Tweet |