Петар Печков
Објавено: вторник, 19 април 2022
Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 14 нови случаи со ковид-19, што е највисока бројка последните месец дена. Во истиот период оздравено е едно лице. Или бројката на активи случаи скокна на 26 лица.
Скокна бројката и на згрижени лице во двете ковид одделенија од велешка Болница. Таму има 14 пациенти, шест повеќе од вчера. Hа Инфективно хоспитализирани се шестмина а на Интерно се осуммина пациенти. Ново примени се двајца пациенти а испишани нема.
„Потврдено позитивни се двајца пациенти и непотврден тројца а девет пациенти се негативни но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се четворица пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |