Петар Печков
Објавено: сабота, 11 февруари 2023
Најстариот жив доктор во Македонија, Никола Стојановски го славеше неговиот 100 роденден. Роден на 8 февруари во велешкото село Скачинци, дипломирал на Медицински факултет во Белград 1952 а специјализирал педијатрија во Загреб 1958. Цел работен век го минал како доктор а дел од бил и директор на Велешката болница. Д-р Стојановски го открива рецептот за долг и здрав живот.
„Рецептот е да живееш на мирен начин, да водиш сметка што и како се храниш, колку ќе јадеш. Потоа да се движиш што повеќе можеш. И да правиш лична гимнастика. Јас работев тибетски вежби, се движев секој ден најмалку половина час во еден правец и исто толку назад, секое утро. Мото ми беше мислата на познат светски пијанист. Тој на прашањето колку време вежба рекол, ако еден ден не работам -сам забележувам, а ако не работам три ден тоа и публика го чувствува. Се држев на тој став, пешачев секој ден освен ако врне иако температурите беа и минусни“- кажа д-р Стојановски.
Никола Стојанов како учесник е жив сведок на штрајкот на велешките гимназијалци од март 1942, против користењето на бугарскиот јазик во наставата. Како учесник во НОБ е тој е актуелен претседател на Сојузот на Борците на Македонија. Како најстар пратеник на 8 јануари 1991 беше првиот претседавач на повеќе партиското собрание на Република Македонија.
„Се сеќавам на тоа турбулентно време. Секоја партија сакаше да преовладува, нивните ставови да се слушнат. Прв пат повеќе партиски парламент. Но морав смирено да ја водам седницата, да ги сослушам, да се почитувам редот. Се до изборот на Стојан Андов за претседател, успевав да го задржам редот во салaта“ - кажа д-р Стојановски.
За него како доктор, како педијатар, велешани без исклучок имаат убави и пофални зборови.
„Мое беше да дадам помош, дали дење, дали ноќе. Станував и во ноќта штом ме повикаат одев. Одев и по селата, ноќе. Работев посветено на секој пациент, за мене сите беа исти“ - вели д-р Стојановски.
За него со избрани, пофални зборови кажа и д-р Никола Софијанов педијатар детски невролог.
„Доктор Никола Стојановски беше познат како педијатар беше услужлив, работлив и човек со големо спокојство кое го емитираше и даваше кон неговите пациенти -децата. Забележително кај него беше што беше љубопитен. Доаѓаше кај нас во Детска клиника, се интересираше за новостите во медицината. Тој се надградуваше и тоа допринесе да ги доживее овие негови години“- рече д-р Софијанов.
Д-р Никола Стојановски има зад себе и повеќе научни трудови од областа на здравството. Меѓу нив и книгата „Здравствената култура во Велес и велешко до крајот на 20 век“.
Од семејството на Никола Стојановски, благодарност до академскиот сликар Ангел Коруновски за портрeтот кој тој го изработи.
Tweet |