речник контакт

Најголем интерес кај велешани има за субвенции за инвертор клима, аплицирале 108 граѓани

Во следната фаза Комисиите ги разгледуваат сите пристигнати барања , по што ќе се премине на извлекување по случаен избор

Петар Печков

Најголем интерес кај велешани за  добивање на субвенции  имало за инвертор клима, потоа за сончеви колектори и на ркај за велосипеди. Ова е одговорот на поставеното прашање од ТрМр, кое го доставија од локалната власт.

„На јавните повици за субвенционирање на инвертор клима уреди аплицирале 108 граѓани, за сончеви колектори 59 и за велосипеди 28 граѓани. Во следната фаза Комисиите ги разгледуваат сите пристигнати барања и сите уредни и комплетни барања ќе бидат дел од системот „со извлекување по случаен избор- транспарентно“ - информираа од Општина Велес.

За оваа цел од Буџетот на Општина Велес има издвоено по 500 илјади за субвенции за сончеви колектори и инвертори и 150 илјади за велосипеди.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на инвертер клима во висина од 30% од вредноста на инвертер клима, но не повеќе од 15.000 денари по лице.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000 денари по лице.
Јавниот повик беше отворен од 7 јули до 5 август.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »