речник контакт

Најголем интерес од советниците за безбедноста во сообраќајот во градот, што не е во дел на работа на ПС Велес

Што со наплатата на паркингот пред судот од лица кои не се овластени за тоа оти во градот нема платен паркинг? Командирот на ПС Велес, Александар Костов, со одговор за оваа дилема

Петар Печков

Паркирање, сообраќајниот метеж низ градот  и потреба од регулирање на полиција, бучавата од моторите... Ова беа прашањата кои советниците му ги поставија на командирот на ПС Велес, Александр Костов, на последната седница.  Причина, на дневен ред беше годишниот извештај за работата на ПС Велес за 2023 година. Но во неа не спаѓа и работата за безбедноста во сообраќајот. 

„Секоја седница исто е, прашањата се од областа на безбедноста на  сообраќајот, која не е дел од работата на ПС Велес. Бројката на евидентирани прекршоци на учесници во сообраќајот е многу голема и таа бројка е континуирана и е во постојан пораст. Ефектот од санционирањето се гледа во пракса“ – кажа Костов. 

На конкретно прашање, за наплатата на паркингот пред судот од лица кои не се овластени за тоа оти во градот нема платен паркинг, Костов објасни што презеле како активност.

„Имаше писмени пријави од граѓани за овој случај, излегоа на терен неуниформирани инспектори констатираа дека има две лица, кои не наплатуваат пари, но  ако им дадеш земаат. Не покажуваат насилие. Сликата не е добра тоа што се случува, но нема елеметни за да покренеме постапка“ – кажа Костов. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »