речник контакт

Најголем протест против приватизација на ЕСМ

Најголемиот протестен собир против приватизацијата на ЕСМ дистрибуција започна денеска пред Владата на Македонија со инцидент јави репортерот на Макфакс.

Аница Солева

Неколку илјади луѓе по полчасовно протестирање се соочија со можна интервенција на специјалната полиција откако од масата беа фрлени неколку чадни бомби кон зградата на Владата. Организаторот на протестот е здружението „Глас за Светлина“ кое очекува дека ќе се соберат над 10 илјади луѓе, а учесниците носат транспаренти на кои пишува “300 дена отпор против продажбата на ЕСМ“ Учесниците во моментов го напуштија просторот пред владата и се движат кон стоковната куќа „Илинден\\\" по што треба да продолжат на улицата пред Македонскиот народен театар, Градската болница, Собранието, трговскиот центар „Палома Бјанка\\\", Соборниот храм и повторно да се вратат пред Владата. Извор: [url=www.makfax.com.mk/look/agencija/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=1&NrIssue=392&NrSection=10&NrArticle=17873]Макфакс[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »