Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 декември 2008
Општина Велес ги награди најдобриот полицаец, најдобриот пожарникар и хуманист за 2008-та година. По препорака на СВР Велес за најдобар полицаец прогласен е Иле Трајковски а Противпожарната единица го предложи за најдобар пожарникар Марјан Мицев. Општинскиот црвен крст на Велес за најхуман крводарител оваа година го посочи Јордан Коларов кој дал 143 пати од драгоцената течност.
На сите нив им беа врачени плакети. На свеченоста општина Велес им подари телевизори на Детското одделение при ЈЗУ ?пшта Болница и на Противпожарната единица од Велес.
На сите нив им беа врачени плакети. На свеченоста општина Велес им подари телевизори на Детското одделение при ЈЗУ ?пшта Болница и на Противпожарната единица од Велес.
Tweet |