Петар Печков
Објавено: сабота, 23 јануари 2016
Импресивниот „Umaid Bhawan Palace Jodhpur“ во Индија е на врвот за 2016 година кога станува збор за хотелите. Хотелот е еден од последните големи палати во земјата и еден од најголемите приватни резиденции во светот. Бил изграден меѓу 1928 и 1943 година, а хотелот функционира и како музеј и резиденција на кралското семејство.
Според „Trip Advisor“, просечната цена за преспивање изнесува 1.055 долари за вечер, а најевтин за посетување е во јули, кога цената за една вечер изнесува 561 долар.
Листата на најдобри 10 хотели во светот за 2016 изгледа:
1. Umaid Bhawan Palace Jodhpur - Индија (просечно 1.055 долари за ноќевање).
2. Shinta Mani Resort - Камбоџа (просечно 286 долари за ноќевање).
3. Bellevue Syrene - Италија (просечно 808 долари за ноќевање).
4. Hanoi La Siesta Hotel & Spa - Виетнам (просечно 156 долари за ноќевање).
5. Achtis Hotel - Грција - Просечно 144 долари за ноќевање.
6. Belmond Le Manoir aux Quat’Saisons - Обединето Кралство (просечно 1.671 долари за ноќевање).
7. Mirihi Island Resort - Малдиви (просечно 1.523 за ноќевање).
8. Bucuti & Tara Beach Resorts Aruba - Аруба (просечно 673 долари за ноќевање.
9. Calabash Luxury Boutique Hotel & Spa - Гренада (просечно 1.159 долари за ноќевање).
10. Hotel Ritta Höppner - Бразил (просечно 266 долари за ноќевање)
Tweet |