речник контакт

Најевтин одмор е во Сончев брег, а најскап во Ница

Најповолни одморалишта во Европа оваа година според висината на дневните трошоци по текст на лондонскиот Дејли мејл. Охрид не е анализиран

Петар Печков

Во текстот се предупредуваат туристите дека најосновните потреби, како крема за сончање и средства за заштита од инсекти, во некои одморалишта се поскапи повеќе од 80 отсто во однос на домашните цени.

За оние туристи кои се хранат во ресторани се даваат информации рестораните во кои цените се намалени за 46 отсто, како што е случај во  Соренто во  Италија и Пореч во Хрватска.

Пораст на цените на ресторанските услуги има во Мајорка, која е најскапа во Европа, покажало истражувањето на британската агенција Пост Офис Травел, која ги следела цените на вообичаените производи потребни за туристите во 13 најпопуларни одморалишта. Во овие производи влегуваат цените на еден оброк за семејство со предјадење и десерт, потребите за на плажа и сокови и алкохолни пијалоци.

Најповолен одмор може да се помине во Сончев брег во Бугарија, каде трошоците изнесуваат 84 евра. Соренто, и покрај падот на цените, е најскапо одморалиште, со 180 евра дневен трошок. Поскапа од ова одморалиште се Ница во Франција со 187 евра.

Кофичка со лопатчиња за играње во песок на Крит чинат две евра, а во Ница за нив ќе платите 10 евра. Порција пржени компирчиња во Сончев брег се продава за 80 центи, а во Ница за четири евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »