речник контакт

Најзначајните библиотеки во светот

Најголемата библиотека во светот има 160 милиони книги. Најстарата библиотека датира од 1074 година

Петар Печков

The Library Of Congress во Вашингтон е најголемата библиотека во светот и во неа можат да се најдат повеќе од 160 милиони предмети вклучувајќи над 37,8 милиони каталогизирани книги и други печатени материјали на 470 јазици; повеќе од 69,6 милиони ракописи и ја поседува најголемата колекција на ретки книги во Северна Америка и најголемата колекција на правни материјали, филмови, мапи, музика и звучни снимки во светот.

Колекции Библиотеката секојдневно прима околу 15 000 парчиња разновиден материјал и дневно додава околу 11 000 парчиња. Поголемиот дел од колекцијата библиотеката го добива од агенцијата за заштита на авторски права на САД. Материјалите исто така стигнуваат на полиците и како подароци, преку различни владини агенции и преку набавки од голем број издавачки куќи.

Меѓународни колекцииОд 1962 година, библиотеката има свои канцеларии во странство за прибирање на важни материјали, кои издавачките куќи и владините агенции не ги испраќаат до библиотеката. Библиотеката исто така соработува со институции од целиот свет за да развие Светска Дигитална Библиотека.

Речиси половина од книгите во библитеката се напишани на други јазици освен англискиот. Односно во библиотеката постојат колекции напишани на 470 јазици.

Правната библиотека во рамките на „The Law Library of Congress“ е најголемата правна библиотека во светот со 2,8 милиони тома, вклучувајќи ја и најдобрата колекција на ретки книги и најпотполната колекција на странски службени весници. 

Ретки книги и ракописи Во библиотеката има  700 00 тома на ретки книги и ракописи, кои датираат уште од 15 век . Во библиотеката се наоѓа и првата испечатена книга во Северна Америка „The Bay Psalm Book” (1640).

Најмалата книга во библиотеката е „Стариот крал Кол“  со големина на точка на крајот на реченицата.

Admont Abbey е манастирска библиотека сместена во Австрија која веќе неколку години важи за една од најстарите реконструирани библиотеки во светот.

Позната е по својата барокна архитектура која се преплетува со минималистичкиот стил, уметноста и изворните ракописи кои ги содржи.

Во 1074 година за прв пат започнал да се гради овој објект за дури во 1776 година целосно да се заврши. Нејзината внатрешност е обновувана неколку пати, за пред само неколку години да го добие гламурозниот изглед во кој секој посетител денес ужива.

Библиотеката е поделена на 3 дела и е долга вкупно 70 метри, широка е 14, а висока 11 метри.

Во неа се сместени преку 200.000 наслови, помеѓу кои 1.400 уникатни кои не се наоѓаат во ниту една друга библиотека во светот.

Оваа книжевна уметност е вистинска мамка за љубителите на уметноста, архитектурата и книгите, па затоа оваа година е отворена за посети од 24 март па се до 31 декември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »