Петар Печков
Објавено: сабота, 06 јуни 2015
Погледнете меѓу кого се водела и кои воени судири се нашле на листата која ја состави британскиот „Индепендент“.
На прво место е Британско-занзибарската војна од 1896 година, која траела само 38 минути.
Таа година Кралскта воена морнарица на тогашната Британска Империја ја поразиле војската на занзибарскиот султан за само 38 минути.
Второто место го зазема Фудбалската војна од 1969 година меѓу Салвадор и Хондурас која траела 100 часа.
Војната почнала поради протестите по голот во продолжението на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во фудбал, во кој репрезентацијата на Салвадор победила со 3:2.
Третото место го заземала Шестдневната војна од 1967 година, кога Израел за само шест дена ги порази Египет, Јордан, Сирија и Ирак.
На четврто место е руско-грузиската војна од 2008 година, која траеше шест дена од 7 до 12 август, а заврши со победа на Русија.
Британскиот весник на петто место ја стави војната за независност на Словенија од 1991 година, која траеше 10 дена од 27 јуни до 7 јули, а заврши со потпишување на договор на Бриони.
Шестото место го зазема Петричкиот инцидент, граничен инцидент меѓу Бугарија и Грција од 1925 година, кој траел 11 дена од 19 до 29 октомври. Според некои сведоштва, до инцидентот дошло кога бугарските граничари убиле еден грчки војник, кој потрчал по своето куче.
На седмото место е Индиско-пакистанската војна од 1971 година, која траела 13 дена.
Осмото место го зазела војната која траела само еден ден подолго, Српско-бугарската војна од 1885, која траела 14 дена, а завршила со пораз на Кралството Србија, кое се противело на обединувањето на Бугарија.
На деветтото место е Норманското освојување на Англија од 1066, кое траело само 17 дена.
Вилијам Освојувачот на островот стигнал на 28 септември, а победата во Битката кај Хејстингс ја однел веќе на 14 октомври.
Последното, десетто место, го зазела Грузиско ерменската војна од 1918, која траела 24 дена, а избила поради граничен спор по отоманското повлекување на крајот на Првата светска војна.
Tweet |