Петар Печков
Објавено: недела, 10 јули 2011
Ова според статистиката се 15-те најмалку посетени држави на светот.
15 Мавританија (Mauritania) Годишно туристи : 30.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Мавританија е сосед на познати туристички дестинации Сенегал и Мароко, но сепак таму има малку посетители. Можно причина во земјата нема банкомати, на која гостите се имаат навикнато.
Зошто вреди да се посети: Поради прекрасните плажи. Песокот е од Сахара и од Атлантскиот океан, одморот не може да биде лош.
14. Гвинеја Бисао (Guinea-Bissau) Годишно туристи : 30.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Гвинеја Бисао како и поголемиот дел од државите на Западна Африка, пати од периодични граѓански немири, последниот беше лани. Сиромаштијата е се поприсутна а слободното движење е најблаго речено предизвик.
Зошто вреди да се посети: Големата тајна Бижагош Архипелагот, (Bijagos Archipelago), низ од острови со бели плажи.
13. Бутан (Bhutan) Годишно туристи : 28.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Проблем е што оваа земај можат да ја посетат ограничен број на туристи.
Зошто вреди да се посети: Привлечни се Хималаите и културата на населението, кој е без малку изолиран од светот.
12 Чад (Chad) Годишно туристи : 25.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Вруќините неиздржливи, визите ограничени, патиштата опасни.
Зошто вреди да се посети: Имаат импресивни пустински пејзажи, под услов ако не ви пречат вооружени луѓе околу Вас.
11. Американска Самоа (American Samoa) Годишно туристи: 25.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: За разлика од нејзиниот независен брат Самоа чија популарност расте, Американска Самоа е далеку од индустријализирана земја.
Зошто вреди да се посети: Убави плажи и занимливи предели, интересни локации од праисторијата
10. Комори (Comoros) Годишно туристи: 15.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Поради честите војни удари и нестабилноста и строгото почитување на исламските традиции, жени на купаќи нема, нема ниту алкохол за гостите. Штета затоа што соседи им се Маурициус и Сејшелите.
Зошто вреди да се посети: На овој остров не недостигаат природни убавини
9. Соломонови острови (Solomon Islands) Годишно гости: 14.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Поради повеќегодишните граѓански судири, островите имаат репутација на несигурно место. Маларија, лоша инфраструктура и само неколку неделно меѓународни летови не придонесуваат за популарноста на државата.
Зошто вреди да се посети: Острвите имаат огромен потенцијал за авантуристички туризам. Главен адут е ронењето, прекрасни места за сурфање, спектакуларни вулкани и водопади
8. Централно Африканска Република (Central African Republic) Годишно туристи: 14.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Заради насилничката репутација а ниту соседните држави не се на добар глас. Летовите се скапи, владее екстремна сиромаштија.
Зошто вреди да се посети: Поради резерватот Џанга Санга на југозапад од земјата, каде има многу горила и слонови.
7. Сао Томе и Принсипе (Sao Tome and Principe) Годишно туристи : 12.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Многу малку познато на туристичките мапи, иако земјата нема проблеми како останатите на списокот.
Зошто вреди да се посети: Опуштен начин на живеење, одлични услови за ронење, многу диви животни.
6. Туркменистан ( Turkmenistan) Годишно туристи : 8.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Добивањето на визи е голема компликација.
Зошто вреди да се посети : Шаренолики кањони, црн пустински песок. Желните за авантура можат да го истражуваат Туркменистан
5. Молдавија (Moldova) Годишно туристи: 7.000
Зошто луѓето не ја посетуваат: Молдавија е најсиромашната европска држава.
Зошто вреди да се посети: Имаат одлично вино а Криковски комплекс е најголемиот вински подрум на светот.
4. Маршалски острови (Marshall Islands) Годишно туристи: 6.000
Зошто луѓето не го посетуваат: Изолација и недостаток на врски со останатиот дел од светот.
Зошто вреди да се посети: Ги има сите артибути за рајски остров – лагуна, корали, пријатни мештани, место за ронење
3. Таџикистан (Tajikistan) Годишно туристи: 4.000
Зошто луѓето не го посетуваат: Таџикистан е толку далеку, што кај луѓето ја убива желбата да стигнат таму. При тоа постапката за добивање виза е така комплицирана, што не чуди дека туристите ја избегнуваат земјата.
Зошто вреди да се посети: Спектакуларни планини во комбинација од историски и културни влијанија на исламот, христијанството, хиндуизмот и будизмот.
2. Кирибати (Kiribati) годишно туристи: 3.900
Зошто луѓето не ја посетуваат: Картата на Кирибата изгледа како по неа некој д а посипал конфети. Оди снајди се во таква ситуација на островчиња посипани по Тихиот океан.
Зошто вреди да се посети: Едно од островите стана популарно во 1999 година, кога таму први во светот го пречекаа новиот милениум. Место создадено за ронење и риболов
1. Тувалу (Tuvalu) годишно туристи: 1.100
Зошто луѓето не го посетуваат: Се предвидува дека ова земја прва ќе исчезне под брановите кога глобалното згревање ќе ја покријат. И тешко се стигнува од овие острови.
Зошто вреди да се посети: Има преубави сини лагуни
Извор Б-92
Tweet |