Петар Печков
Објавено: петок, 06 јуни 2014
Спортот постои повеќе од 4.000 години. Според претпоставките, атлетиката е еден од првите спортови кој се појавил некаде околу 2000 година п.н.е. Во тој период, спортот бил сочинет од едноставни игри за вештини и сила. Биле одржувани и натпревари за забава на публиката.
Некои од овие спортови биле многу насилни, дури и смртоносни. Денешните спортови не се воопшто смртоносни, посебно не оние кои обожаваме да ги гледаме или играме. Впрочем, кои се спортовите кои сакаме да ги гледаме денес?
Според бројот на фанови на спортовите ширум светот е составена листа на најпопуларни спортови за првата половина од годинава. Можете ли да претпоставите кој е на врвот на листата?
10. Американски фудбал - 400 милиони фанови.
9. Кошарка - 400 милиони фанови.
8. Голф - 450 милиони фанови.
7. Бејзбол - 500 милиони фанови.
6. Пинг-понг - 850 милиони фанови.
5. Одбојка - 900 милиони фанови.
4. Тенис - 1 милијарда фанови.
3. Хокеј на трева - 2 милијарди фанови.
2. Крикет - 2,5 милијарди фанови.
1. Фудбал - 3,5 милијарди фанови.
Tweet |