Петар Печков
Објавено: сабота, 07 февруари 2015
Официјално, Присила е најстарата ученичка на светот. Наставата ја посетува со своите чукунвнуци. Присила веќе е позната во Кенија. Како и останатите ученици, таа носи униформа и седи во првата клупа во училницата.
Основното училиште „Leaders vision“ ја запишало Присила пред пет години. Во училиштето е позната како Гого, односно баба. Но, иако има 90 години, не и' е проблем редовно да пишува домашни задачи и да учи бидејќи секогаш сакала да добие образование.
„Отсекогаш сум сакала да можам да ја читам Библијата, а сакав и да ги поттикнам децата да завршат училиште, а не да го напуштаат, како што го направив тоа и јас“, вели Присила.
„Многумина велат дека не можат да учат бидејќи се стари, но тоа не е оправдување бидејќи доколку можам јас, можат и тие“, додава таа.
Присила има математика, англиски јазик, танц, драма и пеење. Слободното време го користи да ги советува своите соученици за локалните обичаи и за важноста на традицијата.
Tweet |