Петар Печков
Објавено: четврток, 20 декември 2007
Барем на кратко, за еден ден, повторно оживува најстарото училиште во земјава, кај велешани познато како Св.Ѓоргија. На 9-ти декември, секоја година истоимениот параклис ги отвара вратите за верниците од Велес, се слуша жагорот и вревата, само сега не од учениците туку од православните христијани кои доаѓаат во објектот каде Јордан Хаџиконстантинов Џинот, пред 160 години, ги одржувал првите часови на македонски јазик.
На 9-ти декември секоја година се чевстува празникот на парклисот Св.Ѓоргија. И годинава река од народ врвеше кон месноста Прцорек, на левиот дел во старото градско јадро, каде се наоѓа објектот , во кој своевремено Џинот држел настава. Верскиот објект тешко ќе се распознае меѓу останатите куќи на улицата Богдан Каракостев доколку не е таблата поставена пред двесетина години, на куќата со бр.14 на која пишува ,,Тука 1857-та година, со средства на жителите од брзоречката општина е основано првото класно трговско училиште во Македонија“.
- Во средината на 18-тиот век во месноста Прцорек, за што постојат пишани документи било решено прашањето на образованието на децата од овој дел на Велес. Во него работеле калуѓер или калуѓерка, кои се занимавале со учителска дејност. Еден век подоцна, неспорно е дека градот има голема потреба од словенска писменост, а преродбеникот Јордан Хаџиконстантинов Џинот во 1843 започнува со учителствување на македонски јазик во црквата Св.Ѓоргија - запишал Славко Николов, историчар и поранешен директор на Историскиот Архив на Велес.
Се смета дека ова е почетокот на учењето на мајчин јазик на децата во Велес но и во Македонија. Историските факти се дека се до изградбата на црквата Св.Богородица во 1905-тата година овој објект бил црковен и припаѓал на Рилскито манастир, за потоа да биде запоставен.Тој е најстар верски објект во градот, за што зборува иконата, сега сместена во Св.Богородица а потпишана дека е живописана во 1766 година. Во него освен што Џинот предавал на македонски јазик, се изведувале и првите едночинки, чиј автор бил токму тој. Вратите на параклисот денес се отвараат два пати годишно напролет на Ѓурѓовден, и на есен на Св.Ѓоргија. И оваа година река од велешани се слева по тесните улици, поплочени сеуште со калдрма за да дојдат и го посетат парклисот.
- Секоја година доаѓаме тука со сопругот да запалиме свеќа за здравје, но и да го посетиме храмот каде за прв пат започнало да се учи на македонски. Од година на година има се повеќе верници кои доаѓаат тука -рече Вера Николова, просветен работник.
И таа и нејзиниот сопруг, велат дека доаѓаат во извориштето на нивната професија -образовувањето на децата, а овој ден го чувстуваат како нивен празник. На простор не поголем од 20 метри квадратни илјадници луѓе минуваат, но малкумина знаат дека тука некогаш било школо. Тоа било на два ката, приземјето за машките деца а горниот за девојчињата. Иако минал век и половина, објектот е добро сочуван, но дел од иконите се оштетен. Тие се сведоците на времето кога тука децата за прв пат започнале да учат на мајчин македонски јазик а нивните родители ја одржувале православната вера.

Tweet |