речник контакт

Најтранспарентна во Македонија е општина Велес

Со 83,6% таа доби оценка многу добра и е на врвот од 86-те локални самоуправи во земјава. Чашка е 24-та, Лозово 58-ма а Градско на дното 80-та. Градоначалникот и Општина Велес не кријат ништо околу работењето -вели Чадиев

Петар Печков

Општина Велес е најтранспарентна општина во Република Македонија, според резултатите од испитувањето кое во изминатиот период го реализираше невладина организација, Центар за граѓански комуникации од Скопје.

Истражувањето се базирало на активната транспарентност на општините во 2017 година, но и на дел од државните институции. „Индекс на активна транспарентност“  за општина Велес е  83,6 проценти.

Општина Велес е потранспарентна и од сите министерства во Владата на Република Македонија кои се дел од ова истражување. Под активна транспарентност се подразбира објавување на информации на сопствена иницијатива, без притоа некој да има доставено до институцијата барање за пристап до информации. Граѓаните на општината  се најмногу информирани за податокот каде општината ги троши нивните пари. Граѓаните се информирани за сите проекти и плаќања кои ги врши локалната самоуправа во текот на годината – велат од локалната власт.

Според Центарот за граѓански комуникации кои го извршија ова истражување:

Активната транспарентност и помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари

На овој начин се промовира принцип на добро владеење и интегритет

Институцијата е поефикасна бидејќи подобро располага со информациите.

Транспарентноста отсекогаш била една од главните карактеристики на Општина Велес. Денеска ве уверувам дека така ќе биде и во иднина. Градоначалникот и Општина Велес не кријат ништо околу работењето на оваа институција – изјави градоначалникот Чадиев.

Еве каде се наоѓаат според транспарентноста соседните општини: Чашка е 24-та оцена просечна, Лозово 58-ма оцена слаба,  Градско на дното 80-то со оцена многу слабо.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »