Петар Печков
Објавено: недела, 02 октомври 2011
.
1. Замокот Хоенцолерн, Германија
Овој волшебен замок бил средиште на големи пруски кралеви и германски владетели. Датира уште од средниот век. Изграден е во 11 век, потоа бил целосно уништен во 1423 година, а бил реконструиран во 1461 година. Погледот кон планината Хоенцолерн (855 м) е зачудувачки, како и самиот комплекс. Овој замок се наоѓа на околу 50 км јужно од Штутгарт.
2. Замокот Хауард, Англија
Иако изгледа како замок, ова е всушност фамилијарна резиденција на семејството Хауард, кое живее тука веќе 300 години. Оваа семејна резиденција се наоѓа во Северен Јоркшир и претставува најголемото живеалиште во Велика Британија. Изградбата на оваа палата е започната од крајот на 17 век и траела околу 15 години. Меѓу најзабележителните карактеристики на замокот се прекрасните градини и паркови кои се расположени на огромно пространство.
3. Замокот Алказар во Сеговија, Шпанија
Овој замок се наоѓа во стариот дел на Сеговија, Централна Шпанија. Изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни.
4. Замокот Химеџи, Јапонија
Замокот Химеџи, познат и како Белиот замок на чапјите, се одликува со прекрасна бела надворешност. Во овој огромен комплекс влегуваат 83 древни објекти. Еден од најпознатите одбранбени елементи на овој замок се многуте лавиринти кои водат до главната кула. Портите се изградени на тој начин што ги принудуваат натрапниците да се соочат со многу слепи патеки. Химеџи бил изграден во 14 век, а денес може да го посетите во регионот Кансаи во Јапонија.
5. Замокот во Прага, Чешка
Прашкиот замок претставува икона на Чешка, а е еден од најстарите и најголемите замоци во светот. Долг околу 570 метри и широк 130 метри, овој замок претставува извонредно архитектонско чудо. Во себе ги содржи сите стилови на последниот милениум, готика со романескни и барокни елементи. Првиот објект од овој прекрасен комплекс е изграден уште во 9 век.
6. Замокот Пелеш, Романија
Сместен во планинската идила на Карпатите, Пелеш е вистинска бајковидна градба. Изградбата била започната во 1873 година и еве како романската кралица Елизабета го опишала неговото градење:
7. Замокот Шамбор, Франција
Со оглед на тоа дека Шамбор бил официјално изграден како викенд-куќа за лов, овој замок е доста импресивна градба. Локацијата за неговата изградба била одредена од кралот Франсоа I. Тој намерно го избрал тоа место бидејќи се наоѓало блиску до замокот на неговата љубовница, Клод Рохан. Овој масивен замок има 440 соби, 365 камини и 84 скали и со тоа претставува најголемиот замок во долината Луара во Франција.
8. Замокот Нојшванштајн, Германија
Изградбата на овој замок била започната уште во 1896 година, а дизајнер на ова прекрасно здание бил, не архитект, туку сценографот на Лудвиг Втори, Христијан Јанг. Пред завршувањето на замокот тој бил прогласен за луд. Ова објаснува многу во поглед на архитектурата на Нојшванштајн. Локацијата и големината на замокот се спектакуларни и помалку луди. Тој се наоѓа на врвот на еден рид во југозападниот дел на Баварија и претставува голема туристичка атракција во Германија.
9. Замокот Корфе, Англија
Иако, рушевините е сè што е останато од замокот Корфе, тие се доволен доказ за грандиозноста на оваа градба. Се наоѓа во округот Дорсет, на островот Пурбек и се претпоставува дека е изграден во 9 век. Други докази укажуваат на тоа дека е изграден многу порано и бил римска дефанзивна градба. Остатоците од деловите кои се сочувани до денес, биле изградени во 11 век. Два века подоцна биле во функција на магацини на богатството на кралството на Англија и служеле како затвор.
10. Замокот во Мацумото, Јапонија
Ова е неверојатен замок кој се наоѓа во градот Мацумото, во близина на Токио. Бил изграден во 1504 година и денес е Национално богатсво на Јапонија. Замокот бил во употреба сè до средината на 19 век. По реставрацијата на Меиџи во 1868 година, новата јапонска влада била одлучна да го сруши замокот и да го продаде за дрво и железо. За среќа, локалите жители го купиле пред да биде срушен и денес сведочи за суровата јапонска историја.
11. Замокот Елц, Германија
Елц е уште еден истакнат германски замок. Оваа прекрасна средновековна конструкција се наоѓа во југозападниот дел на Германија и сè уште е сопственост на фамилијата која живее таму 800 години. Сопственик на замокот е д-р Карл Граф фон унд цу Елц, кој ја претставува 33-тата генерација на домот на Елц.
12. Ејлен Донан, Шкотска
Замокот Ејлен Донан бил изграден во 13 век да ги спречи Викинзите од инвазии, а денес е најпознатата туристичка атракција во Шкотска. Бил именуван по епископот Донан кој дошол во Шкотска во 6 век. Замокот се наоѓа на остров опкружен со прекрасни предели и висорамнини. Тврдината е реконструирана најмалку 4 пати, па затоа и нејзината реставрација траела 200 години (18-20 век). Таа всушност лежи на урнатини. Во 1932 година е отворена за посетители и секојдневно има огромен број туристи од целиот свет.
13. Тврдината Нешател, Швајцарија
Замокот, изграден во 10 век, е подарок од Кралот Рудолф III и неговата жена. По овој дарежлив подарок биле именувани градот, езерото и Швајцарскиот кантон. Бил реконструиран во 15 и 17 век, а денес замокот е средиште на кантонската влада и судовите.
14. Тврдината Гуаита, Сан Марино
Оваа тврдина се наоѓа на врвот Гуаита, има поглед кон целиот град Сан Марино и претставува икона на оваа мала земја целосно опколена со територијата на Италија. Тврдината била изградена во 11 век и некое време служела како затвор. Гуаита е една од трите кули на Сан Марино, која се наоѓа на трите врвови на Монте Титано. Кулите се прикажани и на националното знаме и на грбот на Сан Марино.
15. Замокот Конви, Велс
Конви е еден од најистакнатите замоци на Едвард Први, изграден во 13 век. Тој е еден од клучните замоци на кралскиот „железен прстен“ изграден на тврдината во Велс. За неговата градба се претпоставува дека Едвард Први потрошил 15.000 фунти (162.000.000 фунти во денешни пресметки) што го прави овој замок најскапиот во Велшката историја. Денес Конви е прогласен за светско наследство и со својот поглед кон заливот Конви е најпретставителниот објект во Северен Велс.
„Италијанците биле ѕидари, Романците ги граделе терасите, Циганите биле носачи, Албанците и Грците работеле со камен, Германците и Унгарците биле столари, а Турците ги гореле тулите. Инженери биле Полјаците, а каменоресци Чесите. Очигледно, можеле да се слушнат 14 јазици меѓу работниците.“
Tweet |