речник контакт

Најчести имиња во Македонија

„Врие“ од Александровци и Марии. По Александар, најмногу има Зорановци... На името Билјана во Македонија се „одзиваат“ 11. 940 девојки и жени...

Зоран Николов

Од 1991 година ниеден кум не крстил Ќиро, Димко, Моме, Димчо, Рубинчо, а меѓу имињата што изумираат се и Крстана, Ристана, Светланка, Благуња, Спаса, Коца, Фанка „Аце, Аце, ај што си убав, сладок ко мед“.... овие стихови може да им бидат посветени не на еден, туку на 23.924 Александровци што живеат во земјава. „Не се бели Маре мори“, пак, може под пенџере да им ја запеете верувале или не на 21.031 Марија. Александар и Марија се најчестите имиња меѓу Македонците. Ова го покажуваат статистичките податоци на Државниот завод за статистика изработени според состојбата на 30 јуни 2005 година. Претворено во проценти 2,35 отсто од мажите со гордост го носат името на најголемиот македонски крал Александар, а 2 отсто од жените го носат името на мајката божја Марија. По Александар, најмногу има Зорановци и тоа 16.928. Машките најчесто во земјава се викаат Никола, Горан, Драган, Дејан, Илија, Игор, Петар и Љупчо. На името Билјана во Македонија се „одзиваат“ 11. 940 девојки и жени. По Марија и Билјана, има многу Елени, Весни, Снежани, Виолети, Александри, Сузани, Љубици и Катерини. Податоците велат дека до 1920 година, кумовите најчесто ги ставале имињата Борис, Александар, Никола, Стојан и Јован, а за женските најомилени биле Марија, Љубица, Цвета, Велика и Трајанка. На машките деца родени меѓу 1991 и 2004 година најчесто им ги ставале имињата Александар, Стефан, Мартин, Филип, Никола. Во овој период биле крстени 6081 Марија, па Сари, Елени, Ивани и Ангели. Во првите шест месеци лани најмногу родени машки го добиле името Филип, па Андреј, Стефан, Давид и Мартин. Најомилени женски имиња, пак, биле Сара, Марија, Анастасија, Јована, Мартина. Статистичарите избројале и дека од осумте региони, како што е поделена земјава, најмногу Александровци живеат во скопскиот и тоа 7.703, а во овој регион живеат и најмногу Марии - 5.880. За жал, по 1991 година ниту еден кум не крстил Ќиро, Димко, Моме, Димчо, Рубинчо. Меѓу имињата што изумираат се и Крстана, Ристана, Светланка, Благуња, Спаса, Коца, Фанка. Но, додека едни имиња изумираат, се јавуваат нови имиња кои се избор на родителите или на кумовите. Така по 1991 година 79 момчиња се викаат Убејд, а 57. Ерјон. Меѓу новите имиња се и Јулет, Блеон, Анид, Окан. Најмодерни женски имиња се Аделиса, Илирида, Блеона, Назар, Бленк. Статистичарите направиле и споредба меѓу презимињата, па така 8.185 луѓе се презиваат Стојановски, односно 7.935 Стојановска. Меѓу честите презимиња се и Јовановски, Николовски, Трајковски. [b]Најмногу деца се родиле на 1 јануари 1971[/b] На 1 јануари 1971 година се родиле 244 новороденчиња што е најмногу родени бебиња во еден ден од 1948 година до 1980 година. Интересно е што на 1 јануари во 1967, 1968, 1969, 1970 и 1971 година се родиле и најмногу деца во тие години. Март е месец кога најмногу се раѓаат деца и тоа 9,2 отсто од сите новородени во една година се раѓаат во овој месец. Но, многу деца се раѓаат и во мај (8.8 отсто) и во април (8.7отсто). Декември, пак, е месец кога најмалку се раѓаат бебиња. Извор: [url=dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=F3A1264F1641514A86E9E24587A6DE84]Дневник[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »