Петар Печков
Објавено: среда, 20 април 2022
Велешани се сведоци дека често безбедносни рампи во градот не функционираат. Тоа го отежнува сообраќајот во градот, се создаваат големи колони и метеж во сообраќајот во централното градско подрачје. Граѓаните и пред се возачите, за ова често реагираат.
Ова прашање му беше упатено на директор на ЈП МЖ Инфраструктура Хари Локвенец, при неговата посета на патните премини во Велес. Објасни дека најчесто во прашање се кражби.
„Се крадат каблите заради бакарот и поради тоа доаѓа до застој во работата на безбедносните рампи, не се спуштаат. Предвидено е годинава да се изврши реконструкција на сигнализацијата, независно дали е звучна, светлосна или со браници. Тоа ќе биде според бројот на возила кои минуваат на премините, најфреквентните ќе бидат реконструирани. Тоа ќе се случи годинава“- кажа Локвенец.
Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните знаци и правила бидејќи учесниците во железничкиот сообраќај строго ги почитувале безбедносните процедури.
Tweet |