речник контакт

Не, не се украдени, туку отстранети

Мирчев и Страчковски заминаа , доаѓа Ататурк

Петар Печков

Бистите на народните херои Благој Страчковски и Димче Мирчев од Малото парчке, кај Ликовниот салон  се во депото на Спомен Костурницата. Со ова започна реализцијата на проектот за создавање на Алеја на броците која ќе се наоѓа кај Спомен Костурницата. Воедно се ослободи и просторот од овој парк, каде накоро ќе започнат градежни активности со кои тој ќе добие нов лик.

По налог на општина а по барање на Сојузот на борците, вработени од Делта пром ги земаа бистите на двата народни херои. Тие ќе се чуваат се додека не се оформи Алејата на борците. На просторот ќе започне уредување кое е донација од турската општина  Каршијака. Тоа треба да биде готово за Денот на општината 9-ти Ноември – велат од општина Велес. Меѓу другото на овој простор ќе биде поставена и биста на Кемал Ататурк.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »