Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 септември 2010
Ниту во третиот обид не е избран претседател на Основен суд Велес. Потребното мнозинство, на седницата, не го доби ниту еден од четворицата кандидати кои конкурираа за ова место, еден кривичар, двајца од граѓанското одделение и еден кој суди стопански предмети.
Републичкиот Судски Совет реши да се распише нов конкурс за претседател на Основен Суд Велес. И натаму на местото в.д претседател, повеќе од девет месеци се наоѓа судијката Виолета Мојсова.
Tweet |