речник контакт

Не зборувај на мобилен додека возиш, секој повик може да почека

Дали знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри?

Петар Печков

Развојот на технологијата и зголемувањето на нејзината достапност за употреба на секое место и во секоја ситуација, не значи дека мобилниот телефон може да се користат секогаш и секаде.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) потсетува дека во многу ситуации користењето на мобилен телефон е ризично и опасно, особено кога возите, но и кога пешачите.

„Во сообраќајот, мобилниот телефон како причина за одвлечено внимание на возачот се јавува во 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години се очекува оваа состојба дополнително да се влошува. Одвлеченото внимание е причина за голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многу несреќни животни приказни испишани на патиштата и на улиците, за тажни човечки судбини. Оттука и прашањето: Вреди ли?“ - прашуваат од РСБСП.

Статистиката според истражувањата на РСБСП, во Македонија 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат.

ПСБСП прашува колку важен разговор не може да „почека" да застанете на првото безбедно место на кое може да се запре возилото и да разговарате? Дали бегајќи од метежот, гужвата и опкружувањето со секакви луѓе, свесно ги оставате телефонските разговори за моментите кога ќе бидете сами зад воланот?  Дали сте свесни за ризикот и опасноста на која ги изложувате вашиот и животите на вашите најблиски и на другите учесници во сообраќајот, со тоа што не можете да се воздржите од користење на мобилниот телефон кога сте зад воланот? Дали знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 km/h поминува 100 метри?

Користењето на мобилен телефон додека возите е опасно и ризично.

„Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Не постои разговор на мобилниот телефон чија важност може да се спореди со пристигнувањето на посакуваната дестинација безбедно и со добро здравје“, велат од РСБСП.

РСБСП апелира: Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Животот, здравјето и безбедноста нека ви бидат секогаш на прво место.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »