Петар Печков
Објавено: среда, 04 април 2007
- Се каам за стореното дело, не знаев дека човек има внатре во гаражата и немав намера да загине никој, вака се бранеше обвинетиот Николче Лукарев (24) од Велес на судењето во случајот „Запалена гаража“ каде едно лице, Аким Рушитов жив изгоре.
Настанот се случи на втори март годинава во 3,30 часот наутро а обвинителството Лукарев го товари за кривичното дело тешко дело против општата сигурност.
- Дознав дека моја пријателка Елизабета се наоѓа затворена во гаража сопственост на Димитар Ставров, и не ја пуштаат од таму да си оди Бидејќи местото важеше за легло за проституција. Јас заминав утрото за да ја спасам, но кога влегов внатре Џеваир ми извади нож и ми се закани да си одам, додека некој репетираше пиштол по што избегав.
При вториот обид да ја спасам Бетка влегов внатре и се заканив дека ако не ја пуштат ќе го запалам објектот. При ова запалив еден картон ништо повеќе, додека Ангел Стојанов кој дојде со мене ја запали гаражата а не јас. Јас помагав пожарот да се згасне, не знаев дека има човек внатре. Дури следниот ден откако ме викнаа во полиција дознав дека изгорел некој, кого ни го знам ни го познавам - изјави Лукарев.
Оштетениот Џеваир Сулејмани (32) во својство на сведок рече дека Николче не го познавал но дека тој дошол лут, дали дрогиран или пијан, по што почнал да се заканува без повод.
Вториот оштетен Димитар Ставров познат како Скифо, изјави дека девојката Елизабета поради која се случил инцидентот, дошла ноќта кај него во гаражата за да и сними ЦД со музика и тука останала до утрото со други гости што биле кај таму.
Сведокот Ангел Стојанов негираше дека тој запалил било што, но сведочеше дека Лукарев откако ја запалил гаражата, не дозволувал тие што биле внатре да излезат и им го попречил излезот.
Овој негов исказ бранителите на Лукарев, како крунски во настанот го сметаат за нарачано сведочење за потребите на полицијата и обвинителството. Откако беа сослушани сведоците, освен малолетничката Елизабета која во меѓувреме изчезнала од дома, беа презентирани завршните зборови.
Обвинителството побара Лукарев да биде казнет а притоворот продолжен до правосилноста на пресудата поради тоа што веќе бил осудуван за други кривични дела. Одбраната смета дека станува збор за дело сторено од небрежност и побара мининална казна.
Проширениот Судски петчлен совет најави дека пресудата ќе ја изрече утре (четврток) во 11 часот.

Tweet |