Петар Печков
Објавено: четврток, 10 септември 2020
Два нови случаи на позитивни со ковид-19 од Велес и двајца оздравени е билансот за денес, информираа од Центарот за јавно здравје Велес. Со ова бројката на активни случаи во велешко е 21 пациенти. Иако од Министерството за здравство соопштија дека во Велс има три случаи, од ЦЈЗ објаснуваат дека се два.
Позитивниот случај е маж, кој се заразил од пријател кога работел кај него дома. Има и жена позитивна која не може да прецизира по епидемиолошката анкета од кого се заразила. Истата личност се тестирала два пати и приватно и во ЦЈЗ во Скопје, и иако со ист матичен број и име и презиме се води како две личности на листата. Двете лица кои оздравеа се мажи, едниот од Инфективно одделение вториот е од домашно лекување - информирaa од Центарот за јавно здравје - Велес.
Досега во велешко имало 283 случаи, од нив излекувани биле 249 а 14 починале. Од активни случаи 13 се на домашно лекување, 7 на Инфективно одделение од велешка Болница и еден е на Инфективна клиника во Скопје.
На Инфективното одделение од велешка Болница има згрижени 10 пациенти.
Девет од нив се потврдено позитивни и еден е сомнителен. Три лица денес се пуштени како оздравени, по два негативни теста, еден од Велес, еден од Свети Николе и еден од Кавадарци - соопшти д-р Весна Николова Неделковска, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |