Петар Печков
Објавено: вторник, 30 декември 2014
Снегот кој падна а се најавува дека ќе го има и деновиве, е обврска да се исчисти, секој во својот двор. Некој оваа Одлука ја почитува други не. Како и да е од локалната власт ги потсетуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во зимски услови при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти, со што ќе обезбедат непречен пристап до нив.
Отсранувањето на снегот е согласно член 22 од Законот за Јавна чистота и член 16 од Одлуката за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес.
Доколку сопствениците или корисници на деловни објекти не го исчистат снегот пред нивните објекти, надлежните инспекциски служби ќе превземат соодветни мерки во склад со нивните овластувања и надлежности согласно Законот за Јавна чистота.
Tweet |