речник контакт

Небиоски 30-ти на СП за јуниори во Италија

Младиот велешанец стигна до полуфиналето и најави дека од него може да се очекуваат добри резултати во кајак на диви води слалом

Петар Печков

Енис Небиоски попладнево возеше во полуфиналето на СП во кајак на диви води -слалом, во дисциплината К-1.   Од  40 натпреварувачи тој го зазеде 30-то место што е резултат за почит, но и најава дека од него може да се очекуваат уште подобри резултати.

Претходно возеше одлично во квалификациите кога од 81 натпреварувач го освои 30-тот место и влезе во полуфиналето.  СП се одржа на патеката Иври во Италија.  Светски првак во подоцнежното возење стана Чехот Барта.     

Следниот предизвик за Енис Небиоски  е Европското првенство во кајак на диви води слалом кое ќе се одржи на патеката Матка крај Скопје од 2-ри до 5-ти август.  На него целата македонска репрезентација која ќе учествува  е составена од кајакари од Велес 

Кај младинците ќе возат:  Енис Небиоски, Кристијан Игнатов, Џенгис Небиоски, Мартин Мазнев  додека  до 23 години ќе настапат:  Виктор Миланов, Александар Златаров и Никола Димов. Во двете категории македонските репрезентативци ќе возат и екипно 3х К-1.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »