речник контакт

Неверојатно, двајца кавадарчани украле мајмун од скопската ЗОО

Сторителите се откриени и фатени, мајмунчето Лука вратено во зоолошка

Петар Печков

Во понеделникот  попладне  околу 17,30 часот во Зоолошката Градина во Скопје од страна на двајца посетители со употреба на погоден алат украден е мајмун, од родот  павијан. 

Сторителите  ја пресекле делови од челичните жици од мрежаста ограда и низ отворот извлекле и украле мајмун од видот Павијан. Крадците мнајмунчето гоставиел во вреќе, најверојатно ја прескокнале затворената капија и со такси возило го напуштиле местото на настанот и се упатиле кон Кавадарци-велат од МВР.

По превземени мерки двете осомничени лица се пронајдени и приведени во ПС Кавадарци и по што им е утврден идентитетот С.Н.(31) и И.П.А.(26) и двајцата од Кавадарци. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Како што информира Зоолошката градина, мајмунчето моментно е сместено во внатрешното живеалиште заедно со своето помало братче. Здравствената состојба на мајмунчето Лука, кое вчера беше украдено од Зоолошката градина во Скопје, е добра.

Зоолошката градина од Скопје изразува благодарност за брзата интервенција на полицијата, како и до совесните посетители, очевидци на настанот, кои, како што наведува во соопштението, помогнале многу брзо, по пријавувањето во МВР, мајмунчето да биде најдено и вратено.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »