Петар Печков
Објавено: петок, 17 август 2018
Цената на морковот на велешкиот пазар стигна до 60 и 70 денари за килограм. Ова е висока цена, што и постарите велешани не ја помнат. Или еден килограм моркови колку килограм и половина домати, што е рарите. Секогаш доматот бил поскап од морковот. Градинарите објаснуваат дека причината за високата цена на морковот е врнежливата година.
Морковот не сака влага а годинава е врнежлива, земјата влажна. И се скапува. Во Велес дури е и евтин, во Скопје оди по 100 денари за килограм. Цела Македонија има недостиг на мароков и цената расте. Слично е и во соседна Србија која е голем производител - вели земјоделец од велешко.
Производителите очекуваат дека есенва , во време на подготовката на традиционалната туршија цената ќе биде далеку повисока.
Tweet |