Петар Печков
Објавено: вторник, 10 март 2015
На јавна трибина, разгледувајќи го новиот Правилник за користење на општински простории од страна на здруженија на граѓани и фондации, тие побараа да биде изземен членот со кој имаат обврска да се плаќаат комуналиите. Отстапувањето ќе биде бесплатно. Општина Велес располага со имот, кој реши да им го додели на граѓанските здруженија и фонации,за што изготви Правилник. Тој е во работна нацрт верзија, и по него денес се разговараше во локалната самоуправа.
Правилникот во најголем дел е прифатлив, има само една забелешка а тоа член 6, алинеја 5 со кој се регулира, дека ние треба да ги плаќаме комуналните трошоци. Ова е непотребно и верувајте голем трошок за граѓанските здруженија. Ние сме непрофитни организации и се потешко се доаѓа до средства. Секнати се сите извори за невалидниот сектор - рече Ангелче Гушев началник на Извидничкиот одред Димитар Влахов.
Оваа негова забелешка ја прифатија и Далиборка Златева од,, Здружението на заболени со церебрална парализа,, потоа од Иванка Андова од ,,Здружението на родители за грижа за здраво поколение,, од ЕД Вила Зора и ЕГ ,,Зелена сила,,.
Вкупните трошоци во текот на неа година се не повеќе од три илјади евра, тие за нас граѓанските здруженија се огромна сума. Мака мачиме да најдеме три илјади денари за тековна активности а не за нешто повеќе. Ќе дојдеме во ситуација дека нема да можеме да плаќаме за вода и струја, па тие ќе бидат исклучени - вели Владо Смилев од клубот ,,логички плочки,, при ,Здружението на родители за грижа за здраво поколение, .
Убавка Јаневска од Фондацијата Фокус како можно решение за овој проблем го посочи поставуањето на броило за секој корисник, по што тие ќе знаат колку потрошиле и колку имаат за плаќање.
Со новиот правилник се уредува постапката и критериумите за определување кои здруженија, фондации и сојузи ќе можат да користат простории сопственост на Општина Велес, како и начинот на користење на просторот.
На дел од критериумите имаше реакции и дека просторот ќе се отстапува на 2 до 5 години, по што се побара тоа да биде на подолг рок ако и бројката на регистрирани членови од 20 лица, наспроти законскиот минимум од 5. Имаше и недоумица како ќе се знае кој каде , во кој простор ќе биде сместен и за кој временски период. Во однос на плаќањето комуналии изготвувачите на Правилникот со свое видување.
Целта ни е корисниците да имаат домаќински однос при користењето. При минатогодишните наши контроли констатиравме дека некои простории беа празни, но греалките работеа. Токму поради ова воведовме самите корисници да ги плаќаат водата и струјата. Но последен збор ќе дадат членовите на Советот. Едно е сигурно дека простор има доволно и сите апликанти ќе добијат простор - рече Елизабета Јовчевска раководител на правниот сектор при Општина Велес.
Дел од забелешките ќе бидат вметнати во пречистениот Правилник,кој потоа ќе се најде пред советниците а откако ќе биде усвоен, по пат на јавен конкурс ќе се распределат просториите. Нив ги има освен во зградата во Дворови, и во зградата на киното, во спортската сала Гемиџии, во просториите на МЗ Алексо Демниевски Бауман спроти Симпо, Трајко Панов - на кривината кон Болница, Славе Петков до ОУ Св. Кирил и Методиј, Тодор Јанев кај градинката во Населба, во некогашниот Пензионерски дом и хотел Вила Зора, во библиотеката Гоце Делчев. Простор има и во спомен куќите на Васил Главинов и на Касапови.
Tweet |