речник контакт

Невработени, стечајци, студенти се најголемите дарители во најхумана општина за крводарителството лани во Македонија

Иако немаат никаков бенефит, овие категории дарители се најбројната категорија во велешко

Петар Печков

Велешани се лидери по крводарување во земјава. Тие во 2018-та година  го оствариле планот со 243% . Или собрале вкупно 4,519 крвни единици додека планот предвидувал 1.861. Од тие што дарувале крв четвртина се лица кои немаа директен бенефит.

Тука се невработените, студентите, занаетчии, пензионери, стечајци, земјоделци.   Од вкупно собраните крвни единици 922 се од жени а 590 се дарители по прв пат, додека дури 442 ученик со наполнети 18 години дарувале крв.  

 Територијата на Општински Црвен крст на Велес не  е најголема во земјава, ниту е најбогата и добро стоечка, но затоа има доволно големи луѓе кои даруваат крв во секоја пригода, не само кога е потребна.  Иако погоден од транзицијата која остави голем број луѓе на улица,како стечајци и невработени,  тоа не ги спречи, покрај сите нивни маки да даруваат крв. Нив и сите други кои покажаа висок степен на хуманост, големо благодарам.  Ова покажува дека се уште има луѓе во вистинска смисла на зборот, хумани, човечни, не егоисти - рече д-р Милчо Трајков претседател на ОО на Црен Крст на Велес.

Тој дополни дека освен велешани територијата која го покрива општинскиот Црвен крст ги опфаќа и дарителите од општините Чашка и Градско.  Нив денес на централната манифестација на Републичкиот Црвен крст која се одржа во Велес, признанието им го врачи министерот за здравство Венко Филипче.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »