Петар Печков
Објавено: четврток, 28 јуни 2018
12 невработени лица еден месец ќе бидат ангажирани за извршување на јавни работи во Општина Велес. Сите тие се лица со ниски квалификации.
Во период од еден месец ангажираните ќе работат во ЈКП Дервен на чистење и уредување на градските улици, уредување на површините пред станбените згради и парковските површини.
Со времено ангажираните вработувања преку овој проект ќе се овозможи дополнителна поддршка на јавното комунално претпријатие за уредување на општината во летниот период кога потребите за чистење на градот се најголеми.
Дел од лицата се корисници на социјална помош, но со овој проект истите нема да го изгубат статусот на корисници на социјална помош и заштита.
Tweet |