Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 септември 2021
Податоците за невремето кое го зафати Велес во саботата 18-ти септември, во периодот од 10 до 10,30 ч. покажуваат обилни врнежи и силен ветер.
Податоците добиени од УХМР за овој ден за 10,10 часот покажуваат дека наврнало 20,7 литри на метар квадратен за овој половина час, а дуваше ветер од северозападен правец со брзина од 26,4 м/сек или 95 км/ ч.
Податоците потекнуваат од Автоматската метеоролошка станица на Управата за хидрометеоролошки работи инсталирана во кругот на велешка Болница и се добиени од УХМР, со помош а директорот Агим Муртезани.
фото Марјан Тодоров
Tweet |