речник контакт

Невремето лани во Велес, на 4 јули и 20 август предизвика штета од 652 илјади денари

Оштетени се меѓу другото и четири летниковци од угостителски објект, пет станбени згради, шест автомобили и пет соларни системи

Петар Печков

Комисијата за проценка на штети ги објави проценките колкава штета предизвика невремето во велешко на 4 јули и 20 август мината година.  

Невремето на 4 јули предизвикало штета на една викенд куќа, четири летниковци од угостителски објекти и еден кров од  гаража. Невремето од 20 август оштетило една викенд куќа, пет станбени згради и објект од нестопанска дејност. 

При тоа констатирани се штети од  209 илјади за невремето од 4 јули и 444 илјади за невремето од 20 август. Или вкупно околу 10,5 илјади евра а во денари  652 илјади.

Оштетени биле вкупно и шест автомобили и пет соларни системи.  Во двете невремиња имало обилни врежи од дожд, проследено со силен ветер.

Овој извештај Советот на општина Велес  го усвои едногласно, и ќе биде препратен до Владата. Таа треба да ги обесштети граѓаните кои пријавија и добија потврда за штета со о 10 отсто од проценките. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »