речник контакт

Неготинецот кој изврши разбојништво во казино седнува на обвинителна клупа

ОЈО Велес против П.Ц. поднел обвинителен акт и нему ќе му се суди во Основен суд Велес

Петар Печков

Неготинецот П.Ц. (24 год) ќе седне на обвинителна клупа, откако  Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт поради сторено кривично дело – Разбојништво.

На обвинетиот му се става на товар дека на 26 декември лани,  година околу 8 часот со маска на главата влегол од споредниот заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканил на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.  Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што обвинетиот ја отворил касата и ги зел парите во износ од 324.700 денари.

Според пишувањата во медиумите неговата мајка, кога дознала што се случило, без двоумење повикала полиција и го пријавила синот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »