Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 март 2009
Конечно е разрешена дилемата за вториот круг гласање за локалните избори а по негласањето на 5 избирачки места кои на 22 март не беа отворени поради снежни наноси.
В недела 5 април ќе се гласа во општина Велес за втор круг градоначалник, помеѓу Аце Коцевски од СДСМ, ЛДП и НСДП и Горан Петров од ВМРО-ДПМНЕ и за втор круг претседател на Република Македонија помеѓу Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски до СДСМ.
Во петте избирачки места, Џедимирци, Рудник, С`лп, `Рлевци и Сливник ќе гласаат за втор круг градоначалник и за листите за советници. На овие избирачки места има 405 запишани гласачи и нивниот број на гласови може да влијае на составот и на идниот Совет на општина Велес кој беше избран по првиот круг.

Tweet |