речник контакт

Недела 7-ми јуни, прво авио прскање против комарци во велешко

Прскањето ќе се врши со средството „Цицерон 20“ произведено во Србија а ќе го врши кумановската фирма за авио услуги „Бониер“

Петар Печков

Недела наутро, 7-ми јуни,  ќе се изврши  првото авионско третирање против комарци, информираат од Општина Велес. Авио прскањето ќе биде во периодот од 5 до 6,30 часот.  Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 8-ми  јуни -понеделник.  Прскањето ќе се врши со средството „Цицерон 20“ произведено во Србија а ќе го врши кумановската фирма за авио услуги „Бониер“.

Границата, на третирањето е  Езеро Младост,  Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село  Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина - информираа од локалната власт. 

Тие ги потсетуваат  пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »