Петар Печков
Објавено: четврток, 18 август 2022
Недела и понеделник, ќе се одржи традиционалната голема летна крводарителска акција, организирана од Општинскиот црвен крст Велес. Таа годинава се одржува 30-ти пат, како и претходените во траење од два дена.
Дарителите ќе можат да даруваат крв на 20 и 21 во терминот од 8 до 14:30 во просториите на ЛИКОВНИОТ САЛОН во Велес.
„Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да дадат придонес за јавното здравје на населението да учествуваат на акцијата. Крводарителството е врвен чин на хуманост“- посочија од ОО на Црвен крст Велес.
Најуспешна беше таа во 2010-тата кога беа собрани рекордни 383 крвни единици.
В сабота пак, 20 август во населба Чашка ќе се одржи традиционална крводарителска акција по повод Денот ан Општината. Во терминот од 8 до 13ч. во училиштето Тодор Јанев, bкрв ќе може да даруваат сите заинтересирани.
Tweet |