речник контакт

Недела на 11 август трето авионско прскање против комарци во Велес

Ќе се изврши во периодот од 5 до 8 часот

Петар Печков

Третото авионско третирање против комарци оваа 2024 година, ќе се изврши на 11 август 2024 (недела), во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 12 август 2024 (понеделник).
 
Границата, на третирањето е иста како и претходните два пати- Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.

„Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина. Третманот се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција. Одобрено од министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 03-162/1 од 15.04.2021 година.  Прскањето против комарци е согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, “ – соопштија од локалната власт

Тие ги потсетуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
 
Ова е трето и последно авионско прскање против комарци за годинава во Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »